Неготински КИМ ќе се развива по примерот на Кока Кола и Нестле
Холанскиот експерт Алберт Тен Кате кој работел како маркетинг консултат во Кока Кола и Нестле деновиве е во македонската фабрика...

По примерот на Кока Кола и Нестле, маркетиншки ќе се развива неготински КИМ. Холанскиот експерт Алберт Тен Кате кој работел како маркетинг консултат во двете светски компании деновиве е во македонската фабрика. Квалитетот несомнено е тука, но заостанува правилното позиционирање на производите во маркетите, ова е забелешката на Тен Кате.
„Понудата на мајонез е огромна во маркетите. Често за странскиот производ има остапено повеќе место, домашниот производ е некако запоставен. Во еден маркет ние на една полица ги наредивме мајонезите на КИМ и од сопственикот на ланец на маркети побаравме повеќе простор за производите од оваа фабрика“, рече холандскиот експерт Алберт Тен Кате.
Советите на вакви експерти ни беа потребни, велат од КИМ. Од таму потенцираат дека добиените препораки набрзо ќе почнат да ги применуваат.
„Препорачани ни се дополнителни можни решенија, начинот на позиционирање на нашите производи на пазарот и одбележувањето“, рече маркетинг менаџерот на компанијата, Марјана Јорданова.
15 експерти до крајот на месецот ќе работат во македонски компани со цел да се подобри нивната конкурентност на домашниот и странскиот пазар. Неготинската фабрика е само една од стотината компании кои се пријавиле на јавниот повик за ангажирање на странски експерти. Нова група на експерти кај нови стотина компании доаѓа за шеесетина дена.
Дијана Иванова
