САД: Демократската претседателска кампања фокусирана на супер вторникот
03.03.2020 14:40
Од сите 14 сојузни држави кои денеска одржуваат примарни избори, најзначајна е најнаселената, Калифорнија, каде ќе бидат одредени 415 делегати за конвенцијата.

Демократската претседателска кампања во Соединетите Американски Држави е фокусирана на супер вторникот, најважниот ден од примарните избори во целата трка. Од сите 14 сојузни држави кои денеска одржуваат примарни избори, најзначајна е најнаселената, Калифорнија, каде ќе бидат одредени 415 делегати за конвенцијата.
Во рамки на претходните изборни циклуси примарните избори во Калифорнија се одржуваа во јуни, но оваа година жителите ќе гласаат порано, за да имаат значително влијание во одлуката кој демократ ќе му се спротистави на претседателот Трамп во ноември.
