Заев: Отворени сме за постизборно коалицирање
Претседателот на СДСМ, Заев не ја исклучува можноста за постизборно коалицирање со партија од албанскиот блок. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека предизборно се во контакт со сите партии независно од етничкиот предзнак. Интегративците изборите ќе ги трчаат сами, и се убедени во победа кај албанскиот електорат...
Лидерот на Социјалдемократите Зоран Заев не ја исклучува можноста за постизборно коалицирање со партија од албанскиот блок. Овојпат не ги спомена ДУИ како партија со која сѐ уште има актуелна коалиција, но, вели прво да освоиме 61 пратеничко место, иако е потребно стабилно парламентарно мнозинство. Треба да се продолжат реформите, да се обезбеди стабилен живот на граѓаните да направиме комплетна трансформација- сето тоа не е можно без стабилно мнозинство, потенцира Заев.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека предизборно се во контакт со сите партии независно од етничкиот предзнак. Портпаролот Стоилковски смета дека Заев е свесен оти ќе ги изгуби изборите па затоа нагласувал дека партиите треба да се менуваат и да се подобруваат.
Интегративците изборите ќе ги трчаат сами, и се убедени во победа кај албанскиот електорат. Велат дека по 12-ти април, постизборна коалиција треба да се прави победник со победник.
Миле Ристески
