250 краткорочни набљудувачи на ОБСЕ- ОДИХР на денот на изборите
Традиционално, мисијата на ОДИХР ќе ги мониторира предвремените избори во земјава. Ангажирани 20 долгорочни и 250 краткорочни набљудувачи, кои ќе ги следат сите фази на процесот...
Со 250 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи мисијата на ОДИХР на ОБСЕ ќе го мониторира изборниот процес за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12-ти април. Според шефот на мисијата Тања де Зулуета, тие ќе го следат целиот изборен тек, односно од подготовката на изборите па се до денот на гласањето. Во набљудувачкиот процес ќе се мониторираат и електронските и печатените медиуми. Прелимирарниот извештај ќе го објават на 13-ти април, додека финалниот, со заклучоците како поминале изборите ќе го биде готов два месеца од завршување на изборите.
Од ОДИХР потенцираат дека тие ќе контактираат со изборните органи и со учесниците во изборниот процес за да имаат целосен увид во организациониот и техничкиот дел на избортите, како и да обезбедат информации за севкупната состојба. Очекуваат кампањата да биде динамична и спротивставена меѓу политичките актери, но тие само ќе набљудуваат и нема да советуваат или даваат препораки на кој начин треба да се однесуваат субјектите.
Според нив, позитивно е што во Изборниот законик се усвоени дел од препораките на ОБСЕ, како добра основа за фер и демократски избори. Зулуета смета дека лажните вести ке бидат сериозен предизвик на овие парламентарни избори. ОБСЕ- ОДИХР ќе ги набљудува и социјалните медиуми.
Игор Панов
