СЗО: Најмалку новозаразени со Ковид-19 во последните педесетина дена
04.03.2020 10:54
На глобално ниво вкупно има 90.893 пријавени и 3.110 смртни случаи. Во изминатите 24 часа, Кина пријави 129 случаи, што е најмал број од 20 јануари.

Вкупно 12 држави пријавиле први случаи, а во моментов има 21 земја со по еден заразен. 122 земји не пријавиле ниту еден случај на зараза од Ковид-19.
На глобално ниво вкупно има 90.893 пријавени и 3.110 смртни случаи. Во изминатите 24 часа, Кина пријави 129 случаи, што е најмал број од 20 јануари.
Смртноста од Ковид-19 е 3,4 проценти и е многу поопасен од обичниот грип, велат од Светската здравствена организација.
