Трамп телефонски разговарал со лидерот на талибанците за мировниот договор во Авганистан

04.03.2020 12:25

Медиумите пренесуваат дека се работи за прв директен контакт, инициран од спорот околу ослободувањето на заробените талибанци што се заканува да го загрози потпишаниот мировен договор за Авганистан.

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со главниот преговарач на авганистанските талибанци, Мулата Барадар Ахунд, кој доаѓа непосредно по потпишувањето на договорот за повлекување на американските сили од Авганистан.

Медиумите пренесуваат дека се работи за прв директен контакт, инициран од спорот околу ослободувањето на заробените талибанци што се заканува да го загрози потпишаниот мировен договор за Авганистан.

Британските медиуми пренесуваат дека ова може да му ги зголеми шансите на Трамп да обезбеди втор мандат во Белата куќа.