Безбедност и здравје при работа

Зголемен бројот на несреќни случаи на работното место

04.03.2020 14:36

Лани, зголемен е бројот на несреќни случаи на работното место- велат од македонското здружение за заштита при работа. Законска регулатива има, но не се почитува. Во Скопје, регионален форум на претставници од седум држави. Посебно внимание се посветува на новите стратегии на синдикатите за безбедност и здравјето при работа...

Расте бројот на несреќи на работното место. Ова го покажуваат податоците на Здружението за безбедност и здравје при работа за изминатата година.

Земјата има регулатива, но Законот за безбедност и здравје при работа не ги дава очекуваните резултати, посочуваат познавачите. Според првиот човек на Организацијата на работодавачи, потребна е вистинска имплементација на законот во реалноста и подигнување на свеста и кај работниците и кај компаниите за важноста на ова прашање.

Европскиот синдикален институт препорача и работниците и работодавачите да се посветат на имплементацијата на заштитата и безбедноста при работа. За ова да се случи е потребна обука на работниците и подобрување на социјалниот дијалог.

Безбедноста при работа се дискутираше на форум во Скопје, организиран од Сојузот на синдикати на Македонија и Европскиот синдикален институт, со учество на претставници од седум држави во регионот.

Ана Јосифоска- Тодоровска