За новото раководство во Киев, референдумот во Крим е нелегитимен
Грaдскиот совет на Севастопољ, на пристанишниот град на Крим каде што е смесетена руската црноморска флота изгласа одлука која веднаш стапи на сила,за приклучување кон Русија и прекинување на сите врски со Украина.

-„Родена сум тука, и зборувам руски, секако дека ќе гласам на референдумот...Имам украински документи, ќе биде тешко сега да се променат,бидејки работам на Запад...“ Велат Кримските граѓани.
Новото украинско раководство останува на ставот дека одлуката е нелегитимна, и затоа ги блокира избирачките списоци на регионот.
-„Кој ќе гласа пред руските пушки, кој ќе ги брои избирачките списоци, кој ќе ја обезбеди слободната волја на народот. Затоа велам дека референдумот ќе биде нелегитимен. - Јулија Тимошенко
За украинските случувања по вчерашниот телефонски разговор на американскиот и рускиот шеф на државата Путин и Обама, е заклучено дека тие имаат различни ставови, но и дека двете земји не би требало да ги жртвуваат односите поради овој меѓународен проблем.
-„Најавениот референдум на Крим е нелегитимен, но САД и натамау веруваат дека постои дипломатски излез од украинската криза, но секој ден е се поризичен за безбедноста во регионот затоа е пожелно што поскоро во Украина да влезат меѓународните набљудувачи,“ изјави Саманта Пауер-амбасадор на САД во СБ
Во меѓувреме официјален Кремљ го осуди цинизмот и ароганцијата на Стејдепартменот откако ги објави критиките за 10-те погрешни потези на Путин кон Украина а во врска на најавите на Путин дека Москава ке употреби сила во Укарина како последно средство, подесувајќи дека контролата на Крим не ја презеле русите туку локалното население, поради оваа дилема русите ги прашаа амариканците за каков модел на политување на првата се работеше кога беше бомбардирана поранешна Југолавија или упадот во Ирак,“ изјави Виталиј Чуркин, амасадор на Русија во СБ
Во врска со санкциите пртоив Русија, Пекинг смета дека тие не се начин за решавање на кризата во Украина, а додека францускиот министер за надворешни работи, Фабиус, изјави дека првиот круг санкции не ги даде очекуваните резултати и дека и најверојтано ќе следат други мерки кои ќе бидат вперени кон руските бизнинсмени и лугето кои што се блиски на Путин.
Мирјана Василева
