Мицкоски промовираше мерки од областа на образованието и културата
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски промовираше сет- мерки од областа на образованието и културата. Вети реконструкција и изградба на нови училишта, како и повисоки плати за наставниот и универзитетскиот кадар. Најави дека одлуката за конечната листа кандидати за пратеници ќе биде објавена идната среда. Од Алијанса за Албанците велат дека нивниот претседател Села има поддршка од членството за да носител на шестата изборна единица како конкурент на Ахмети...
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека не можел да се согласи со ниту еден дел од извештајот на Европската комисија, освен во делот каде што пишува дека граѓаните заслужуваат да се отпочнат преговори со Европската унија.
Мицкоски е убеден дека ако ЕУ определи датум за почеток на преговорите со нашата земја, тој процес ќе го води нова влада која ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ, притоа нагласувајќи дека неговата партија има непроменет став во однос на интегрирањето на земјата во ЕУ, како државен приоритет. Според Мицкоски, ако по изборите, формира влада СДСМ, односно Зоран Заев, земјата никогаш нема да дојде до посакуваното членство во ЕУ.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека идната недела на Ценрален комитет треба да помине составот на кандидатски листи, а во средба на собир да бидат и промовирани.
Од Алијансата на Албанците, пак, велат дека сега по коалицијата СДСМ- БЕСА, членовите на избирачките одбори се состојат од двајца членови на македонските политички партии и две од албанските партии. Албанските партии кои имаат членови на одборите се од ДУИ, како партија од власта, а членовите што ги има Движењето БЕСА треба да и припаднат на албанската опозиција, а тоа е Алијансата за Албанците. Затоа, како што посочија од Алијансата го доставиле барањето до ДИК и се надеваат на позитивен одговор. Од Алијанса се уверени дека ќе ги поразат погубните политики на ДУИ, а во зависност од резултатите по изборите тие ќе коалицираат со оние партии со кои ќе можат да ги усогласат политичките програми.
Крајниот рок за поднесување на листите за предвремените избори до ДИК е 12-ти март.
Игор Панов
