Прва жртва од Ковид-19 во Калифорнија, прогласена вонредна состојба
Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, прогласи вонредна состојба поради вирусот во оваа држава, која досега има 53 потврдени случаи. Тој ја даде наредбата за вонредна состојба вчера, кога властите ја објавија правата жртва во Калифорнија од овој вирус.

Прв смртен случај од Ковид-19 во Калифорнија. Станува збор за постаро лице кое било регистрирано како втор заболен во таа американска држава. Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, прогласи вонредна состојба поради вирусот во оваа држава, која досега има 53 потврдени случаи. Тој ја даде наредбата за вонредна состојба вчера, кога властите ја објавија правата жртва во Калифорнија од овој вирус.
Во Сиетл, почина уште еден човек од новиот коронавирус, со што бројот на жртви достигна 10, додека нови случаи се пријавени во два од најголемите градови во САД – во Њујорк и во Лос Анџелес.
Бројот на заболени во подрачјето на Сиетл се искачи на 39-мина, вклучувајќи и 10 смртни случаи, што е најмногу во САД.
