Претседателот на Националниот совет на Австрија, Соботка во посета на Собранието
Соботка ќе се сретне со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Ќе потпишат Писмо за намери за формирање „Работилници за демократија“. Во рамки на посетата, Соботка ќе се сретне и со претставници од бизнис-заедницата...

Претседателот на Националниот совет на Република Австрија Волфганг Соботка денеска престојува во посета на Собранието.
Како што најави собраниската прес-служба, Соботка ќе се сретне со претседателот на Собранието, Талат Џафери и ќе потпишат Писмо за намери за формирање „Работилници за демократија“.
Во рамки на посетата, Соботка ќе се сретне и со претставници од бизнис-заедницата, Штефан Петер од ЕВН Македонија АД, Глигор Бишев и Алвин Аличевиќ од Шпаркасе банка Македонија АД Скопје.
Соботка предвидено е да оствари одвоени средби со претседателот на СДСМ Зоран Заев, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и со претседателот на ДУИ Али Ахмети.
