Земјоделство

Привршува рокот за запишување нови земјоделски стопанства

05.03.2020 10:17

До 15-ти март сите нови земјоделци и нови фирми треба да се запишат во регистарот на земјоделските стопанства. Ваквата евиденција е еден од условите за добивање на финансиска поддршка. Промените во сопственичката структура исто така мора да се пријават во регистерот.

До 15-ти март новите земјоделски стопанства  и земјоделските фирми доколку сакаат да го остварат правото за финансиска поддршка ќе мора да се запишат и да се евидентираат во регистарот за земјоделски стопанства и агенцијата за храна и ветеринарство.

Оваа обврска ја имаа и оние фармери кои во меѓувреме ја зголемиле или намалиле имотната состојба, односно направиле промени во сопственичката структура на површините кои ги обработуваат или на бројната состојба на животните кои ги одгледуваат.

Добивањето на оваа парична помош во сточарството зависи од  бројната состојба на добитокот запишана во Агенцијата за ветеринарство или бројот на домашните животни на денот на поднесување на барањето заедно со потребните документи.

Пријавувањето се врши во подрачните единици во местата каде што живее земјоделецот или каде што се наоѓа седиштето на фирмата.

 

Методија Трајков