НАТО проценува како да ѝ помогне на Турција

05.03.2020 10:38

Столтенберг нагласи дека Алијансата постојано ја проценува ситуацијата и ѝ дава поддршка на Турција.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата проценува како да ѝ помогне на Турција, која во северна Сирија има судир со сириските сили, поддржани од Русија. Столтенберг нагласи дека Алијансата постојано ја проценува ситуацијата и ѝ дава поддршка на Турција.

Рече дека Турција граничи со Ирак и Сирија и оти ниту еден сојузник на НАТО не претрпел повеќе, ниту бил зафатен со толкаво насилство како Турција.

Генералниот секретар на НАТО во Загреб учествуваше на состанокот на европските министри за одбрана посветен на Сирија и на состојбата на грчко- турската граница.