МојДДВ #МојаНаграда: 15 граѓани добија по 100 илјади денари
Добитниците се од Скопје, Прилеп, Штип, Тетово и Куманово...

Извлечени се 15-те најсреќни добитници на награда од по 100 илјади денари, а кои скенирале сметки во текот на февруари.
Љупчо Николовски, Живко Поповиќ, Тони Ристовски, Иван Митевски, Јово Костовски, Зоран Тушевски, Дејан Мијајловиќ, Мартина Анчевска, Наташа Станојковска, Имран Широки, Зорица Кочоски, Небојша Арсиќ, Ласте Петрински, Мица Пачковска и Елизабета Јовева се граѓаните кои беа извлечени во третото коло. Добитниците се од Скопје, Прилеп, Штип, Тетово и Куманово.
Министерката за финансии, Ангеловска вели дека за 11% е подобрена наплатата на ДДВ во првото полугодие од спроведувањето на МојДДВ, што е показател дека мерката дава резултати во сузбивањето на сивата економија, а 260.000 граѓани- контролори за истото добиваат награда преку поврат на ДДВ, но и преку наградната игра.
