Блумберг се повлече од претседателската трка
Рече дека го поддржува поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, кој извојува голема победа во битката да стане претседателски кандидат на демократската партија на изборите на 3-ти ноември.

По слабиот рерзултат од гласањето на т.н. Супер вторник во битката за номинацијата на демократите за претседател на САД, Мајкл Блумберг се повлече од трката. Рече дека го поддржува поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, кој извојува голема победа во битката да стане претседателски кандидат на демократската партија на изборите на 3-ти ноември.
Блумберг, 78- годишен поранешен градоначалник на Њујорк и еден од најбогатите луѓе во САД, забележа очајни резултати на гласањето, победувајќи само во територијата Американска Самоа и покрај тоа што потроши 500 милиони долари на кампањата.
