Почина уште едно од повредените лица во експлозијата во Романовце

05.03.2020 11:54

Трагичната несреќа се случи пред околу две недели. Три деца ги загубија животите на самото место во семејната куќа...

Уште едно лице им подлегна на повредите, здобиени при експлозијата на боца со гас во кумановското село Романовце. Со ова, бројот на жртви се искачи на седум.

Трагичната несреќа се случи пред околу две недели. Три деца ги загубија животите на самото место во семејната куќа, а седуммина беа повредени. Оттогаш досега, четворица им подлегнаа на повредите.