Италија: Во голема акција запленети над 4,5 тони дрога

05.03.2020 12:18

Во акцијата во која учествувале 100 полицајци, уапсени се и 5 Албанци и 9 Италијанци.

Во полициска акција на италијанската полиција биле запленети 4,5 тони марихуана, 36 килограми кокаин, 62 килограми хашиш и 4 литри масло од хашиш, чија вредност на пазарот достигнува вредност од 8 милиони евра.

Во акцијата во која учествувале 100 полицајци, уапсени се и 5 Албанци и 9 Италијанци. Криминалната група дрогата освен од Албанија ја шверцувала и од Јужна Америка, а главно била наменета за пазарот во Торино.