Филипче: Двајца странски државјани сомнителни на коронавирус во изолација во скопски хотел

05.03.2020 12:35

Двајца странци, од Австралија и од Сингапур се ставени во изолација во скопски хотел. Се тестираат од коронавирус. Се чекаат резултатите. Во февруари допатувале од Келн. Нови заболени нема- потврди министерот Филипче. Превентивните мерки и препораки за заштита продолжени до 13-ти март...

Двајца странски државјани, едниот од Австралија, другиот од Сингапур, се ставени во изолација во скопски хотел. Се чекаат резултатите од тестовите за коронавирус. На крајот на февруари допатувале од Келн. Нови заболени нема- потврди министерот Филипче.

„Утрово двајца странци ставени во еден хотел во центарот на градот преку хотелот не ифнормираа дека стигнале на 28-ми февруари, а во изминатите три дена имаат симптоми слични на настинка“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот соопшти дека во моментот екипа на епидемиолози се на терен и ги испитуваат за контактите кои ги оствариле во земјава. Воедно, земени се брисеви, а резултатите се очекуваат за три до читири часа. Тие засега ќе останат во хотелската соба кадешто се сместени, истакна министерот Филипче.

До 13-ти март Владата ги продолжи превентивнтте мерки и препораки за неодржување на јавни собири. Секој странец што ќе влезе во земјава ќе добива инструкции преку СМС порака за мерките што се преземаат.