Евроинтеграции

Соботка: Нема никакви пречки за зелено светло за преговори

05.03.2020 12:56

Поддршка од Австрија, на крајот на март Советот на Европската унија треба даде зелено светло за почеток на преговори со Севрна Македонија- од Скопје порача претседателот на австрискиот Национален совет, Волфганг Соборка. Потребна ни е јасна европска перспектива и временска рамка за преговори, по средбата изјави претседателот на Собранието, Џафери...

Австрија отсекогаш ја поддржувала Северна Македонија за членство во ЕУ и смета дека треба да се донесе одлука за почеток на преговори во март, изјави претседателот на Националниот совет на австрискиот парламент, Соботка. Сепак, првиот австриски парламентарец е претпазлив дали Европскиот совет на крајот од месецов ќе даде зелено светло за преговори, бидејќи посочи, на тоа се надевале и изминатиот октомври кога официјален Париз не се согласи со одлуката на другите европски членки.

„Амосферата е променета. Знаете дека Франција даде свој предлог, своја нацрт методологија за тоа како би требало да тече процесот на проширување на ЕУ. Вушност, доколку сите се согласни на Европскиот совет ќе се донесе оваа методологија. Јас искрено не гледам никакви пречки повеќе за да се даде зелено светло за преговори за Република Северна Македонија, но, морам да кажам дека сум повеќе од претпазлив “, изјави Волфганг Соботка- претседател на Националниот совет на австрискиот парламент.

Потребна ни е јасна европска перспектива и временска рамка за почеток на преговори, изјави претседателот на Собранието по средбата со неговиот колега од австрискиот парламент, Соботка. На претседателот на Националниот совет на австрискиот парламент му соопштил дека поради недобивањето преговори минатиот октомври, земјава распиша предвремени парламентарни избори за да се чујат ставовите на граѓаните за правецот во кој треба да оди државата, иако мнозинството сѐ уште е за евроинтеграција.

„Остануваме фокусирани на нашата цел, а тоа е полноправно членство во ЕУ. Во последните денови на овој парламентарен состав успеавме да донесеме значајни законски решенија кои веруваме дела придонесоа во ажурираниот извештај на Европската комисија за Северна Македонија, објавен на 2-ри март, да останат и понатака валидни основите на препораката на Комисијата од 2019 година за отворање на пристапни преговори. Се разбира дека ни е неопходна јасна европска перспектива, јасна временска рамка и методологија и во таа смисла е многу важно што новата методологија одговори на задоволителен начин на барањата на земјите-членки за поефикасен, подинамичен и покредибилен процес на проширување“, изјави Џафери.

Австрија ја цени улогата на земјава од 2015-та година наваму во спречувањето на мигрантите кои илегално се обидуваат да стигнат до Унијата, истакна Соботка. Додаде, Виена смета дека покрај еден милион евра помош за Грција за справување со новиот мигрантски бран од Турција, покрај распоредувањето на европските полицајци на македонско- грчката граница, треба да се даде и финансиска помош на земјава. Спикерот Џафери посочил дека македонските безбедносни сили на границата со Грција ќе продолжат да ги запираат илегалните мигранти на патот кон ЕУ.

 

Ирина Гелевска