Кампања од 5-ти април
ДИК пресече. Наместо на 7- ми кампањата за парламентарните избори ќе почне на 5-ти април .

ДИК едогласно пресече.Наместо на 7- ми изборната кампања за парламентарните избори ќе почне на 5 април. Со ова ќе се испочитува молкот за претседателските избори, без да се намалат деновите за партиските митинзи за парламентарните избори.
-„Ќе има молк на 12-ти и 13-ти април.По завршувањето на претседателските избори сите субјекти ќе можат да ја продолжат кампањата за парламентарни избори;“ - Бедредин Ибраими,ДИК
-„Партиите ќе го имаат своето право за кампања во рок од 20 дена, нема да има кратење, а ќе се придружуваме и во делот на одредбите од законот...“ - Виолета Дума - ДИК
Државната изборна комисија на еден правилен начин донесе добра одлука која е во интерес на сите учесници на изборите“. - Влатко Сајковски - ДИК
Претседателската трка стартува на 24 март, за од 5 април да биде засилена со митинзите за избор на новата законодавна и извршна власт. Во тајмингот од 24ти до 5ти според вториот човек на ДИК освен претседателските кандидати на митинзите ќе можат да говорат и партиските лидери.
На полноќ завршува увидот во избирачкиот список и пријавувањето на дијаспората за гласање за претседателските избори. Проверка направиле над 140000 граѓани. 80 илјади преку веб страницата на ДИК. Преостанатите тоа го сториле во подрачните единици.
Последниот рок за доставување на кандидатските листи за пратеници е 29ти март. На 3 април со ждребка ДИК ќе го утврди редоследот на кандидатите на гласачкото ливче .
Новинар: Виолета Димовска
Снимател:Борис Каески
