Раст на индустриското производство од 0,3% во јануари
Според Државниот завод за статистика, по сектори во рударството и вадењето камен забележан е пораст од 9,4%, во преработувачката индустрија зголемувањето изнесува 4,6%, додека во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа има опаѓање од 15,8%.

Индексот на индустриско производство во јануари годинава, спореден со истиот месец лани е зголемен за 0,3%. Според Државниот завод за статистика, по сектори во рударството и вадењето камен забележан е пораст од 9,4%, во преработувачката индустрија зголемувањето изнесува 4,6%, додека во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа има опаѓање од 15,8%.
Растот во преработувачката индустрија се должи пред сѐ на зголеменото производство на прехранбени производи, пијалаци, текстил, облека, производи од гума и пластични маси, метали, моторни возила, мебел.
Анализата според главните индустриски групи покажува дека најголем јануарски пораст имало кај интермедијарните производи, освен енергија за 14,9% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 6%, додека опаѓање има кај енергијата за 12,7% и капиталните производи за 5,5%.
