Потврдена одличната билатерална соработка во одбраната меѓу Македонија и БиХ

05.03.2020 13:51

Генералите Ѓурчиновски и Машовиќ изразиле подготвеност за споделување на искуствата во процесот на нашето интегрирање во НАТО, што е значајно и за регионот.

На средбата меѓу началниците на генералштабовите на армиите на Македонија и на Босна и Херцеговина, потврдена одличната билатерална соработка во одбраната. На Воената академија во Скопје се школуваат и питомци од Босна и Херцеговина, а наши мировници учествуваат во мисијата „Алтеа“.

Генералите Ѓурчиновски и Машовиќ изразиле подготвеност за споделување на искуствата во процесот на нашето интегрирање во НАТО, што е значајно и за регионот.

Началникот на босанските оружени сили го честитал како што рекол, нашето историско достигнување со полноправното членство во Алијансата, изразувајќи очекување за наша поддршка во процесот на интегрирање во НАТО на Босна и Херцеговина.