Холандскиот амбасадор во посета на Уставниот суд

05.03.2020 13:57

Иако средбата беше најавена за медиумите преку МИА, таа помина без новинари и прашања бидејќи во зградата им беше дозволен влез на сниматели и фоторепортери.

Холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп беше во посета на Уставниот суд. Тој се сретна со претседателот на судот, Сали Мурати. Иако средбата беше најавена за медиумите преку МИА, таа помина без новинари и прашања бидејќи во зградата им беше дозволен влез на сниматели и фоторепортери.

И претходно на средбата со евроамбасадорот Самуел Жбогар, медиумите беа отстранети од судот. И покрај реакцијата на Здружението на новинари, од каде го осудија однесувањето на вработените од Уставен кон новинарите, институцијата останува затворена и нетранспарентна.