Битола

Следбениците на Манаки се потсетија на неговиот творечки опус

05.03.2020 14:58

Следбениците на основоположникот на балканската кинематографија се потсетија на неговиот творечки опус, на работата на Манаки во атељето на Широк сокака. Фондот на Манакиеви е најбаран од интернационалните истражувачи, филмската е целосно дигитализирана, но не и фото- документацијата...

Како повозрасни деца шетајќи по Шиорк сокак ѕиркавме во атељето на Манаки каде беа наредени голем број фотографии од неговиот творечки опус. Често пати ја имавме и привелигијата да влезиме и внатре, а Милтон нашата радозналост знаеше да ја задоволи. Ни раскажуваше  за неговата работа како успевал да влезе во самото дувло на нашите борци, но и како фото и филмски да го регистира сето она позначајно што се случувало на Балканот. Многупати беше баран од самите тогашни високодостојници, вели следбеникот на неговото дело Стефан Хаџиантоновски.

Фондот на Манакиеви и денеска е најбаран од интернационалните истражувачи. Филмискиот е целосно дигитализиран, а од фото-документацијата досега е обаботена само една петтина.

Од Битолскиот архив велат дека тоа ќе биде еден долг процес доколку не се добие солидна финансиска помош.

 

Стевче Митревски