Партиите ги креираат пратеничките листи
Партиите ги креираат пратеничките листи. Коалицијата СДСМ- Беса ќе ги обелодени в понеделник, ВМРО-ДПМНЕ до среда. Детална проверка за имотната состојба на судиите и обвнителите, намалување на јавната администрација за 20 насто- Заев со предизборни ветувања. Мицкоски пак најавува судство во кое граѓаните ќе имаат доверба...

Судиите и обвинителите треба да испорачуваат правда и законот да се применува за сите подеднакво, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Укажа на неопходност на независен правосуден систем, судски постапки поткрепени со докази, детална проверка за имотната состојба на судиите и обвинителите, ревизија на пресуди.
Заев истите реформи ги најавуваше и на претходните избори и имаше три години да ги реализира, возвратија од ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата, Мицкоски вели дека ќе градат судство во кое граѓаните ќе имаат доверба.
Во партиските кујни се крчкаат пратеничките листи. Носителите и кандидатите за пратеници на коалицијата СДСМ- Беса ќе бидат потврдени в понеделник на Конгресот на Социјалдемократите.
ВМРО-ДПМНЕ ден подоцна на Централен комитет ќе ги номинира своите кандидати. Лидерот Мицкоски сѐ уште воздржан. Извесно е дека лидерот Заев ќе ја предводи листата во четворката. Билал Касами од Беса носител во шестата изборна единица, каде ќе се соочи со претседателите на ДУИ и на Алијанса, Ахмети и Села.
Партиите кандидатските листи до Државната изборна комисија треба да ги достават најдоцна до 12-ти март на полноќ.
Наташа Гркова- Петрушевска
