Земјоделците да не ги палат нивите и стрништата- отпадот ќе се компостира
Земјоделците да не ги палат нивите и стрништата. Град Скопје, преку проект поддржан од УНДП, невладина организација и банка, бесплатно ги подига остатоците од бербата. На сметка на тоа, ќе се дава органско ѓубриво за сезоната на садење. Целта е да се намали аерозагадувањето, како еден од најголемите проблеми со коишто се соочува главниот град...
120 земјоделци лани ги предале остатоците од бербата наместо да ги запалат, велат од Град Скопје. Годинава новина е компостирањето на отпадот од нивите. Програмата предвидува - ако еден фармер го предаде неупотребливиот отпад од 100 килограми ќе добие органско ѓубриво од 30 килограми.
Надлежните апелираат – земјоделците да не го палат отпадот во нивите, се предизвикува еколошка штета, а се уништуваат и органските материи во почвата.
Отпадот од стрништата ќе се компостира во депонијата Дрисла. Според странските експерти, важно е програмата да се прошири и да се подигне свеста кај земјоделците.
Проектот „Избери садење наместо палење“ е поддржан од УНДП, невладина организација и од банка.
Сунчица Николоска
