Потребна е превентивна борба против дискриминацијата
Потребна е превентивна борба против сите видови дискриминација во општеството. Од денеска почнува кампања, која ја спроведуваат 10 организации од мрежата за бесплатна правна помош. Досегашните искуства покажуваат дека малку се пријавува, бидејќи има страв и недоволна информираност...
Политичка, расна, родова, поради сексуална ориентација или попреченост на лицата со хендикеп. Дискриминацијата ја имаме речиси во сите сегменти во општеството и треба активно да работиме на нејзиното сузбивање. Имаме десетгодишно искуство со Закон за спречување и заштита од дискриминација, новиот е донесен пред една година, но потребна е ажурност на институциите, локалните самоуправи. Годишно има од 50 до 80 пријави, но тоа не ја отсликува реалната ситуација, сметаат од организациите во Мрежата за заштита од дискриминација кои спроведуваат кампања.
Во Пелагонискиот регион ретко се пријавува, главно поради страв или неинформираност за да се препознаат облиците на дискриминација
Потребни се обука, кампања, информираност и позитивни примери дека се решени видовите на дискриминација за да не се повторат. Новиот закон е веќе една година, но Собранието не ја изгласа Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Елизабета Митреска
