Атлетика

Пандев шести во групата на 60 метри

07.03.2014 20:34

Ристе Пандев со шесто место и истрчани 7.00 секунди на 60 метри го заврши настапот на светското првенство во сала, кое што денеска започна во Сопот во Полска.

Најбрз во оваа квалификациона група беше Британецот Двејн Чејмберс со резултат од 6 секунди и 57 стотинки. Пандев во Сопот истрча за 14 стотинки послаб резултат од неговиот личен рекорд од 6.86. Во квалификациите на 60 метри стартуваа вкупно 43-ца атлетичари, резултатот на Пандев беше 37-ми по вредност.