Продолжува судењето за организаторите на „27-ми април“

09.03.2020 09:48

На предлог на обвинителката Рускоска, треба да сведочат премиерот Спасовски и Михаил Младеновски, еден од обвинетите. Како сведок ќе биде повикан и Александар Василевски- Нинџа, кој е осуден на осум години затвор.

Во Кривичниот суд продолжува рочиштето за собраниските настани од 27-ми април. На предлог на обвинителката Рускоска, треба да сведочат премиерот Спасовски и Михаил Младеновски, еден од обвинетите. Како сведок ќе биде повикан и Александар Василевски- Нинџа, кој е осуден на осум години затвор.

На првото рочиште за настаните во Собранието, обвинетите Трајко Велјановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски, се изјаснија дека не се винови за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Обвинието го оценија како политички прогон.