Сериозна состојбата со коронавирусот, да не се патува во Италија
Се препорачува граѓаните да не патуваат во Северна Италија и да избегуваат непотребни патувања во другите делови на земјата. За оние кои, пак, се веќе таму, се препорачуваат зголемени мерки на претпазливост...

Поради сериозноста на состојбата со Ковид-19, од МНР препорачуваат граѓаните да не патуваат во Северна Италија и да избегуваат непотребни патувања во другите делови на земјата. За оние кои, пак, се веќе таму, се препорачуваат зголемени мерки на претпазливост. Според препораките, Македонскиот конзулат ќе биде затворен, освен за итни и неодложни ситуации.
Состојбата на двајцата сопружници и на 50-годишната пациентка, заболени од коронавирусот кои се хоспитализирани на Инфективната клиника е стабилна. Утре завршува изолацијата на сите сопатници кои на 26-ти февруари пристигнаа со првата заболена пациентка.
Поради коронавирусот, унгарската „Виз ер“ ги откажува летовите од Скопје за Милано, Бергамо и Тревизо до 3-ти април.
