Мистериозно исчезнување на авион

08.03.2014 13:28

Исчезна авион на „Mалезија ерлајнс“ со 239 патници и членови на екипажот.

Спасувачки екипи трагаат по леталото за кое се стравува дека се урнало во јужнокинеско море. Виетнамската морнарица соопшти дека „боингот 777“ се урнал кај брегот на островот Tо Чу, но од Малезија велат дека се уште не се знае што точно се случило со авионот. Малезискиот министер за сообраќај изјави дека „нема ни трага од авионот, а ни „малезија ерлајнс“ не потврдува дека авионот се урнал. Компанијата претходно соопшти дека прва претпоставка е оти авионот можеби слетал во Нанмингу, во источна Кина. Авионот што летал од Куала лумпур кон Пекинг, последенот контакт со контролорите на летот го имал на 120 наутички милји источно од брегот на малезискиот град Кота бару. Малезија и Виетнам спроведуваат заедничка потрага и спасувачка акција. И Кина испратила два спасувачки бродови во јужното Кинеско море.