Финансиска помош за млади земјоделци

09.03.2020 10:20

Младите земјоделци кои сакаат да почнат сопствен изнис имаат право со неповратна финансиска помош до 20 илјади евра. На огласот кој ќе трае до утре може да конкурираат земјоделци до 40 годишна возраст...

Секој млад земјоделец кој почнува сопствен бизнис  и кој е запишан во Единствениот регистар на земјоделски стопанства може да побара финансиска поддршка до 20.000 евра.

По одобрување на барањето, парите  може да се добијат најмногу на три рати .

Право да аплицираат имаат земјоделци не постари од 40 години, за финансирање на основните средства за работа, инвестиции во опрема за преработка на земјоделските производи и производи од животинско потекло, како и за отворање на сопствен агро бизнис.

Документите за аплицирање можат да се доставуваат лично или по пошта најдоцна додо 10 март до кога трае огласот.

Во претходните две години 526 млади земјоделци склучиле договори за финансиска поддршка .

Целта на оваа помош според програмата за 2020-та година е да се овозможат поголеми услово за самовработување и почнивање сопствен бизнис на младите лица во руралните средини.

Методија Трајков