Бензините поевтини за 2, дизелот за 1,5 денар

09.03.2020 11:12

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 62 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 64 денари, дизелот ќе се продава по 54,50 денари, додека литар Екстра лесно масло за домаќинство ќе чини 43,50 денари.

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за 2 денара, а на дизелот и екстра лесното за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 62 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 64 денари, дизелот ќе се продава по 54,50 денари, додека литар Екстра лесно масло за домаќинство ќе чини 43,50 денари.

За 1,495 денари поевтинува и мазутот и еден килограм ќе се продава за 28,8 денари за килограм.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалување и тоа кај бензинот во просек за околу 6,30 отсто, кај дизелот намалувањето е во просек за околу 3,24 отсто, кај екстра лесното масло има намалување во просек за околу 3,55 отсто мазутот е намален во просек за околу 4,23 отсто. Во исто време курсот на денарот во однос на доларот во изминатиов седумдневен период е намален за два отсто.