Кабул
Авганистан: Ако Талибанците не запрат, ќе нападнеме
09.03.2020 10:53
Талибанците претходно објавија дека продолжуваат со операциите против авганистанските сили и дека нема да ги напаѓаат меѓународните сили во азиската земја.

Министерот за одбрана на Авганистан, Асадулах Калид изјави дека доколку членовите на Талибанското движење не ги прекинат нападите до крајот на неделава, ќе преминат од одбрана во напади врз вооружената група.
Талибанците претходно објавија дека продолжуваат со операциите против авганистанските сили и дека нема да ги напаѓаат меѓународните сили во азиската земја.
Вооружената група соопшти дека официјално е постигнат договор за намалување на насилството, проследено со потпишување на мировниот договор со САД во Доха.
