Четврти случај на Ковид-19 во земјава, заболена директорката на Клиниката за кожни болесни
Директорката на Клиниката за кожни болести пред една недела се вратила од Италија и редовоно одела на работа. Министерот Филипче разочаран поради непочитувањето на препораките за самоизолација...
Нов случај на Ковид- 19 во земјава. Заразена е директорката на Клиниката за кожни болести. Пред една недела се вратила од Италија и изминатите пет дена редовоно одела на работа. Министерот Филипче разочаран поради непочитувањето на препораките за самоизолација.
Таа е сместена на Инфективната клиника. Нејзината состојба е стабилна, има лесна клиничка слика. Министерот нагласи дека немала директен контакт со пациенти. Ова непочитување на препораките е големо разочарување, рече министерот Филипче.
Можно е согласно одлуката на епидимиолозите, одделот во кој таа работела целосно да биде затворен, а вработените кои имале контакт со нејзе да бидат испратени на домашна самоизолација.
Состојбата на двајцата сопружници и 50- годишната пациентка со коронавирус е стабилна. За неа ќе има дополнителен тест за да се процени дали ќе биде пуштена дома.
