Се кројат кандидатските листи
Тандем маж и жена ќе ги предводат листите на коалицијата СДСМ- Беса. Заев ќе ја предводи четворката, а Касами- шестката. Пратеничките листи познати по денешниот партиски конгрес на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ листите ќе ги пегла на утрешниот Централен комитет. Мицкоски преферира кандидатура за мандатар...

Тандем маж и жена ќе ги предводат листите на коалицијата СДСМ- Беса, како резултат на определбата 50- 50 родова застапеност. Пратеничките листи ќе бидат познати по денешниот партиски Конгрес на СДСМ.
Лидерот на партијата, Заев ќе ја предводи четворката, а на движењето Беса, Касами- шестката. И потпретседателката на СДСМ, Шеќеринска ќе биде носител на листа.
ВМРО-ДПМНЕ на утрешниот Централен комитет треба да ги потврди кандидатските листи. Имиња не се откриваат. Лидерот на партијата Мицкоски смета дека не треба паралелно да биде и кандидат за мандатар на Влада и за пратеник.
Партиите кандидатските листи до ДИК треба да ги достават најдоцна до 12-ти март на полноќ.
