ВМРО-ДПМНЕ бара оставки од Филипче и од директорката на Клиниката за кожни болести

09.03.2020 15:12

Директорката Цаца Биљановска немала никаква санкција за своето однесување и две недели со леснотија имала можност да ја шири заразата, се заради неодговорноста на Венко Филипче- велат од опозициската партија...

Поради последниот позитивен случај на коронавирус, ВМРО-ДПМНЕ бара итни оставки од директорката на Клиниката за кожни болести, но и од министерот за здравство, Венко Филипче.

„Ова е врв на неодговорност, поттикната и од однесувањето на министерот. Директор и тоа на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Билјановска, во ек на епидемија да замине на туристичко патување во епицентарот на корона вирусот во Европа, на северот на Италија. Потоа, две недели се движела меѓу граѓаните, одела на работа на клиниката, контактирала со медицинскиот персонал и пациентите, носејќи го и ширејќи го вирусот, без никаква санкција. Директорката Цаца Биљановска немала никаква санкција за своето однесување и две недели со леснотија имала можност да ја шири заразата, се заради неодговорноста на Венко Филипче. Во овие моменти кога опасноста од ширење на болеста е се поголема заради неодговорноста на Филипче и неговиот тим директори, инсистираме на итни и неодложни оставки на директорката Цаца Биљановска и Венко Филипче“, изјави портпаролот на партијата, Наум Стоилковски.