Почна меѓународниот натпревар по роботика - „Робомак 2020“
„Робомак“ се одржува по 10-ти пат. Учествуваат 60 домашни и странски натпреварувачи, со инвентивни истражувања во роботиката и вештачката интилигенција. Финалето е в сабота...

Иван Костовски е четврта година на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Вели дека покрај класичните предавања, „Робомак“ му е предизвик за истражување, надградување и учење нови вештини за роботиката и вештачката интелигенција. Вели, тоа е иднината во светот, но кај нас не е доволно развиена.
„Робомак“ по десетти пат сплотува домашни и странски инвентивни средношколци и студенти кои се вклучуваат во истражување на оваа актуелна област.
Средношколците да се мотивираат да се запишуваат на техничките факултети, каде освен теорија се работат и практични работи, повикаа од ФЕИТ.
В сабота на финалниот натпревар на „Робомак“, средношколците и студентите ќе ги претстават своите проекти. За најдобрите се предвидени медали и благодарници.
Студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии, велат дека Неделата на роботиката веќе прераснува во традиција која планираат да ја негуваат и да ја надградуваат.
Александра Спировска
