Регионалната економска соработка нема алтернатива
Само преку зголемување на регионалната економска соработка шесте земји од Западен Балкан ќе можат да чекорат кон Европската унија и ова нема алтернатива-пораката на Инвестицискиот форум до политичарите во регионот. Само лани македонските компании ја зголемиле трговската размена со земјите од регинот за 13,6 насто и таа надминала 1,5 милијарди евра, велат од Стопанската комора на Македонија...
Само со зголемување на регионалната економска соработка шесте земји од Западен Балкан ќе можат да чекорат кон Европската унија и за ова нема алтернатива е пораката на Коморскиот инвестициски форум упатена до политичарите во Регионот. Потребно е да се елиминираат бариерите што ги прават неконкурентни компаниите чии производи чекаат во камиони со часови, а доматите се претвораат во кечап на границите, вели генералниот секретар на Коморскиот инвестициски форум Сафет Ѓерџелиу. Според него, регионот страда од популизмот на политичките елити, при што ниту еден политичар не сака да си ја ризикува позицијата во власта за да ги реши проблемите на бизнисот.
„Постојат четири столба каде што ние мислиме дека ќе дадеме наш придонес и кон што се ориентира нашата соработка. првиот е трговијата,втори се инвестициите , трета е мобилноста и четврта е дигиталзиацијата. ако ние мислиме да фатиме чекор со европа ќе биде потребно да добиеме поголема поддршка од нашите влади .само преку овие четири сектори ние можеме економскиот развој да го оствариме како приоритетна цел“, изјави Сафет Ѓерџелиу, генерален секретар на „Коморскиот инвестициски форум“.
Само лани македонските компании го зголемиле извозот во регионот за 13,6% , а вкупната трговска размена за четири години е зголемена за 400 милиони евра, велат од Стопанската комора на Македонија.
„Во 2019-та земјите од региноот на Западен Балкан, Македонија реализизирала вкупен обем на трговска размена во вредност од 1,5 милијарди евра при што на реализираниот извоз отпаѓаат 734 милиони евра што значи раст од 13,6% во споредба со 2018 година“, изјави Татјана Штерјова, национален координатор на „Коморскиот инвестициски форум“.
Во фокус, на Коморскиот инвестициски форум се транзитот на пратките со овошје и зеленчук преку граничните премини и дигиталиазацијата на сертификатите и признавање на лабораториските анализи и придружните документи. Не треба да измислуваме топла вода туку да го искористиме искуството на ЕУ за брзо минување на границите, порача Ѓерџелиу.
Свето Николовски
