Почнува зедничкото претседавање со Бeрлински процес на Македонија и Бугарија

10.03.2020 09:44

Во Скопје денеска ќе се одржи Состанок на министри за надворешни работи, со кој ќе се означи почетокот на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес на Македонија и Бугарија за 2020 година.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров заедно со колегите од Бугарија, Екатерина Захариева и од Германија, Хајко Маас, ќе го отворат состанокот на министри за надворешни работи на земјите кои учествуваат во Берлинскиот процес од Европската унија и од Западен Балкан.

Со тоа ќе биде означен почетокот на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес на Северна Македонија и Бугарија за 2020 година.

Во изминативе два дена пак, во Скопје се одвиваше Тинк- тенк форумот во рамките на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес за 2020 година на Бугарија и Северна Македонија, при што се дискутираше за миграцијата, за безбедноста и хибридните закани, за владеењето на правото и за иднината на Европа.