Блерим Беџети и Муса Џафери сведоци во „Монструм“
При презентација на „бомбите“ од страна на обвинителката Фатиме Фетаи, јавноста имаше можност да слушне како Беџети и Џафери, комуницирале со други лица во однос на овој предмет.

Поранешниот министер за правда и актуелен градоначалник на Општина Сарај, Блерим Беџети, предвидено е денеска да сведочи на рочиштето за случајот „Монструм“. Како сведок на судењето треба да се појави и Муса Џафери, поранешен вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор.
При презентација на „бомбите“ од страна на обвинителката Фатиме Фетаи, јавноста имаше можност да слушне како Беџети и Џафери, комуницирале со други лица во однос на овој предмет.
Воедно, на оваа рочиште треба да се појави и сведокот Зоран Трајковски, полициски службеник, кој во „бомбите“, се слуша како комуницира со друго лице и објаснува дека на Синиша Алексовски му пренел дека пред 12-ти април може да се случи некој немил настан, напад на полициска станица и слично. Во однос на оваа прашање Алексовски, поранешен советник за безбедност во кабинетот на екс претседателот Ѓорѓе Иванов, потврди дека имал комуникација со Трајковски. Добил од него усна информација дека има движења на екстремистички групи кои би можеле да нападнат полициски станици, но дека не му била потврдена.
На претходните рочиште за петкратното убиство на Смилковско Езеро, сведочеше речиси целиот врв на МВР од 2012-та година.
