Жалбата одбиена, Вангеловски разрешен
10.03.2020 13:19
Одбиена поднесената жалба од поранешниот претседател на највисоката судска инстанца, Јово Вангеловски, поднесена против одлуката на Судскиот совет за негово времено оддалечување од вршење на судската функција...

Жалбениот совет при Врховниот суд ја одби поднесената жалба од поранешниот претседател на највисоката судска инстанца, Јово Вангеловски, поднесена против одлуката на Судскиот совет за негово времено оддалечување од вршење на судската функција и функцијата претседател на суд. Со ова, тој и правосилно е разрешен.
Првично, Судскиот совет го разреши Вангеловски во септември лани, поради несовесно вршење на функцијата, поврзано со случајот на бизнисменот Сеад Кочан. Вангеловски потоа го искористи правото на жалба.
