Обама и Меркел со заеднички став: Русија да се повлече од Крим
08.03.2014 14:08
Група вооружени луѓе ја зазеле украинската база за противракетна одбрана во Севастопол.

Група вооружени луѓе ја зазеле украинската база за противракетна одбрана во Севастопол. Се претпоставува дека се руси. Во меѓувреме, германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Барак Обама телефонски разговараа за ситуацијата во Украина. Се согласиле околу мислењето дека Русија треба да ги повлече своите војници од Крим и да дозволи распоредување меѓународни набљудувачи. Бараат од Москва да поддржи одржување мирни и слободни избори во Украина.Обама и Меркел договориле брзо формирање контакт група која ќе го води дијалогот меѓу Москва и Киев за надминување на кризата.
