Мигрантска криза: Тензично на границата меѓу Грција и Турција
10.03.2020 11:35
Лидерите на Европската унија соопштија дека имале конструктивни разговори со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој беше во посета на Брисел.

„Отворете ги вратите, така рече претседателот Ердоган“, апелираат бегалците кои се заглавени меѓу Грција и Турција. Границата долга 200 километри ја чуваат војници кои привремено се судруваат со помали групи кои се обидуваат да преминат на грчка страна. Неколкумина се и уапсени.
Лидерите на Европската унија соопштија дека имале конструктивни разговори со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој беше во посета на Брисел.
Спорот со Анкара се води поради преземање на одговорноста и товарот со мигрантите.
