САД ги повлекуваат трупите од Авганистан
10.03.2020 12:28
Вашингтон се согласи за 135 дена од потпишувањето на спогодбата да го намали бројот од 12.000 на 8.600 војници.
САД почнаа да ги повлекуваат трупите од Авганистан во рамките на договорот со Талибанците за постигнување примирје во земјата.
Вашингтон се согласи за 135 дена од потпишувањето на спогодбата да го намали бројот од 12.000 на 8.600 војници.
Авганистанската влада не учествуваше во договорот, но се очекува да одржи разговори со Талибанците.
