Здравство

Лекарската комора со опомена за директорката на Клиниката за кожни болести, нема можност за одземање на лиценцата

10.03.2020 14:33

Зарзената директорка од Клиниката за кожни болести која била во Италија и не ги почитувала препораките за самоизолација засега ќе помине само со јавна опомена за која допрва ќе одлучи етичката комисија на лекарската комора. А од таму велат согласно законот, опција за одземање на лиценцата засега нема, бидејки само судските власти може да донесат соодветна пресуда...

Лекарската комора може само јавно да ја опомене директорката од Клиниката за кожни болести позитивна на Ковид-19, но не и да ѝ ја одземе лиценцата. Оттаму велат дека постојат судски инстанци. Во комората појаснија дека има законски и подзаконски акти според кои мора да дејствуваат, што значи дека ќе биде почитувана евентуалната судска пресуда.

Лекарската комора ги повика своите членови да се однесуваат според принципите на лекарската професија, за да се заштити здравјето на граѓаните.

На порталот на Комората се објавени и препораките на СЗО, како и упатства за лекарите за нивна заштита доколку се сомневаат во можно присуство на вирусот.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска