Се следат препораките на ЕУ за заштита на растенијата
Во процесот на заштита на земјоделските култури да се земе во предвид улогата на полинаторите, апелираат странските експерти. Македонија е богата со диверзитет во земјоделството, и тоа е важно за пристапувањето кон ЕУ. Во делот на разновидна храна земјата може да биде конкурентна, а во тоа голем удел имаат и пчелите. Од ресорот велат Фитосанитарната управа целосно ги следи препораките на Европската организација за безбедноста на храната...
Во процесот на заштита на земјоделските култури да се земе предвид улогата на полинаторите, апелираат странските експерти. Македонија е богата со диверзитет во земјоделството и тоа е важно за пристапувањето кон ЕУ. Во делот на разновидна храна земјата може да биде конкурентна, а во тоа голем удел имаат и пчелите.
Предлог- законот за фитофармација е доставен до Собранието. Со него, ќе се овозможи комплетно усогласување со европските регулативи, вели ресорниот министер Димковски. Стручната комисија ги следи препораките за укинување или ограничување на употребата на одредени активни супстанци и ги применува во пракса.
76 насто од производството на храна во светот зависи од пчелите, покажуваат истражувањата. Од економски аспект тоа се околу 14,2 милијарди евра.
Сунчица Николоска
