Коронавирус

Ученици во изолација, Богоев апелира на смиреност

10.03.2020 15:32

Општина Карпош апелира на смиреност. Се набавуваат средства за дополнителна дезинфекција на училиштата.

Во домашна изолација се испратени децата чии што родители биле на симпозиум со директорката на кожната клиника, заразена со коронавирус. Во изолација се и двајца ученици од училиштето „Братство“ од скопски Карпош, каде што докторка од дерматологија одржала предавање. Таков е случајот и со тројца ученици од основното училиште „Владо Тасевски“ и со уште двајца од „Јан Амос Коменски“. Општина Карпош апелира на смиреност. Се набавуваат средства за дополнителна дезинфекција на училиштата.

„Свесни сме за паниката која се шири по основните училишта и градинките. Набавуваме дополнителни средства за хигиена, а покрај направената редовна дезинфекција, следува и вонредна дезинфекција на воспитно- образовните установи. Повикувам на смиреност“ – истакна градоначалникот Богоев при денешната посета на училиштето „Јан Амос Коменски“.