Финансиска поддршка за рибниците
Во новата програмата за рибарство и годинава ќе се помага производството на риба и инвестициите во порибувањето на езерата и реките. Финансиската поддршка за рибниците во 2020 година ќе биде 44 милиони денари.

Аквакултурата претставува одгледување, репродукција и исхрана на риби во рибници, полурибници, кафези, оризишта и други одгледувалишта на риба.
Зголемувањето на производство на риба е тренд во Европа и во светот заради заштита на природните ресурси и отворање на нови работни места.
Во програмата за оваа година финансиската помош е наменети за инвестиции во аквакултурата, за проширување, реконструкција и модернизација на постоечките и изградба на нови капацитети, за објекти за преработка на рибите и за нивно складирање и пакување.
За инвестиции во аквакултурата се предвидени од 15 милиони, а за порибителен материјал 29 милиони денари.
Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на 50 проценти од реализираните инвестиции кои можат да се зголемат до 65 отсто доколку се работи млади земјоделци и стопанства кое се наоѓа во ридско-планинските подрачја.
Овие средства ќе им бидат на располагање на сите оние кои ќе достават барање до 22 март годонава, а парите ќе ги добијат по реализација на инвестицијата.
Методија Трајков
