Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште
Отсуствата од работа ќе се докажуваат со потврди кои ќе ги издаваат градинките и основните училишта, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години, во кои ќе биде наведен и временскиот период за кој се однесува- соопштуваат од Министерството за труд...

Сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките кои Владата ги донесе за превенција од ширење на корона вирусот. Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10 годишна возраст да се пријави во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31- соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Отсуствата од работа ќе се докажуваат со потврди кои ќе ги издаваат градинките и основните училишта, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години, во кои ќе биде наведен и временскиот период за кој се однесува. Истите ќе треба да се достават до секторот за управување со човечки ресурси или раководителот/директорот на институцијата/ компанијата во која работи, до терминот за пресметка на следната плата, велат од Министерството.
Во однос на прекинот на работата на дневните центри за згрижување на лица со попреченост, ослободувањето од работни активности на родители на деца, односно лица со попреченост е проширено на родители на деца и млади и над 10 годишна возраст. Родителите е потребно по истиот принцип да достават потврда дека лицето е корисник на услугата дневен центар за лица со попреченост.
МТСП апелира до сите граѓани да се придржуваат до препораките, само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме заедничкото здравје.
